Работнички се засили со поранешен младински репрезентативец на Македонија!

Пред стартот на новата сезона во Првата лига, управата на Работнички договори уште едно засилување за нападот на тимот и тоа поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Фахрудин Ѓурѓевиќ.

Станува збор за 28-годишен фудбалер, кој доаѓа од редовите на чешки Храдец, а кој потпиша едногодишен договор со „романтичарите“.

Претходно во кариерата, Ѓурѓевиќ има настапи за Македонија ЃП и Вардар во македонското првенство, како и за Спартак Суботица во Србија, Градачац во БиХ и Варнсдорф во Чешка.