Работнички се засили со двајца нови фудбалери

Работнички денеска се засили со двајца нови фудбалери, односно Кристијан Стојковски и Фисник Зука.

Стојковски пристигна во Дебар Маало од редовите на Академија Пандев и потпиша двегодишен договор со Работнички.

Од друга страна, Зука претходно настапуваше за Ренова, а сега потпиша едногодишна соработка со „романтичарите“.