Првпат во историјата: Македонска екипа за тренер назначи - жена!

Македонската екипа Росоман 83 објави дека од вчера официјално за тренер ја поставиле Драгана Костова.

Костова стана првата жена тренер на машка екипа во Македонија, а ваков потег се гледа ретко дури и во светскиот фудбал.

„Со среќа Драгана, имаш поддршка од сите, а исто така имаш и искусни соработници во тренерската екипа од кои ќе научиш уште повеќе“, порачаа од клубот.