Официјално: Вардар Форино се сели во понизок ранг, Западот остана со девет тима!

Вардар Форино пред неколку дена не го одигра мечот против Гостивар на стартот на пролетниот дел од сезоната и тоа автоматски значеше преселба во понизок ранг. Втората лига Запад ќе остане со девет тима, па тоа значи дека во секое коло ќе има по еден тим слободен.

Екипата во Гостивар пристигна во Форино да го одигра мечот против Вардар, но не се појави никој од домаќините и сега тие ќе ги добијат бодовите со службен резултат.

Скопје е прв на табелата на Западот со 40 бодови, односно седум повеќе од Гостивар, а бидејќи Вардар Форино се сели во понизок ранг, тоа значи дека ќе испадне само уште еден клуб од лигата.