Одложени средбите од фудбалскиот Куп на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија реши да ги одложи натпреварите од четвртфиналето во Купот на Македонија поради големата трагедија што се случи во Бугарија, каде загинаа 46 македонски државјани во автобуска несреќа. 

Дуелите најверојатно ќе бидат презакажани за 1. декември, но засега информацијата не е официјална.

Во четвртфиналето требаше да се сретнат:
Македонија ЃП – Шкупи
Пелистер – Вардар
 Шкендија – Струга ТЛ
Силекс – Брегалница.