Нов Сенегалец на Чаир: Шкупи го промовира и Алберт Диене

Македонскиот шампион Шкупи денеска и официјално го промовира новото засилување од Сенегал, Алберт Ламане Диене (24), кој уште од подготовките за новата сезона е дел од тимот, но досега поради процедурите за негов претстој беа пречка за официјалната промоција.

Диене е трет Сенегалец на Чаир, после Мамаду Данфа и Фаустин Сенгор, а е дополнителна опција за нападот на чаирчани и веќе јасно е дека се подготвува продажбата на највредниот играч во моментов, Нигериецот Сандеј Адетунџи, кој во изминатата сезона даде 20 гола и веќе има еден куп понуди за трансфер.

Диене има шест настапи за Сенегал, моментно африканскиот фудбалски владетел (1 гол), а овој фудбалер може да одговори на сите позиции во нападот.

Покрај тројца Сенегалци и Адетунџи, од африканскиот континент уште е и Алжирецот Валид Хамиди, а во бројната странска колонија се уште и Грузиецот Гаги Мергвалешвили, Костариканецот Фреди Алварец, Бразилецот Кевен, како и Јамајканецот Реналдо Цепас, кој дојде во клубот летово.