Змија од преку два метра на Северна на „Филип Втори“! (ВИДЕО)

Скандалозни видео-записи стигнаа до нашата редакција снимени денеска, во арената „Филип Втори“. Под Северна трибина од нашата национална арена, забележана е змија подолга од два метра, по слободна проценка.

На денешниот натпревар меѓу Вардар и Скопје, во Првата фудбалска лига на Македонија, забележана е неверојатна слика. Во подножјето на северната трибина од арената „Филип Втори“ нашле змија и тоа не каква било туку долга сигурно два метра.

Ако некогаш ни било мило што нема многу публика на нашите фудбалски натпревари, тоа е сега, бидејќи без мешаници и паника, редарите реагирале и ја отстраниле.

Сепак, несфатливо и недозволиво е ваков пропуст да се случи на најголемиот и најмодерниот стадион во нашата земја, среде македонската метропола. А не беше толку одамна, кога во ценовникот на „Филип Втори“ стоеја астрономски цени.

За ова?