Навивачите на Шкендија си го повредија капитенот: Бејтулаи настрада од „топовски удар“ (ВИДЕО)

Тешка победа запиша денеска Шкендија откако дури на четири минути пред крајот на мечот со гол на Јан Кривак го скрши последниот Пелистер за триумф со 2-1 и зацврстување на третото место, ама мечот го одбележа идиотскиот потег на домашните навивачи.

Откако Кривак погоди и фудбалерите на Шкендија тргнаа да се радуваат кон своите навивачи, еден „топовски удар“ експлодира толку пред нив, па настрада капитенот на црвено-црните и доскорешен македонски репрезентативец Егзон Бејтулаи, кој веднаш се стркала на теренот.