Мицевски замина од Вардар: Ми беше чест да го носам светиот дрес!

Македонскиот фудбалер Дарко Мицевски го напушти Вардар, по две ипол години минати во дресот на „црвено-црните“, а разделбата ја потврди преку социјалните мрежи.

Мицевски се заблагодари за неверојатните спомени во дресот на Вардар и порача дека му било чест да го носи црвено-црниот дрес.

„Благодарам Вардар на две ипол прекрасни години, иако со многу пречки и проблеми, сепак вредеше. Ми беше чест да го носам светиот дрес. До некое следно видување“, напиша Мицевски.

Мицевски требаше да се пресели во Борац од Бања Лука во Босна и Херцеговина, но се случи пресврт и најверојатно ќе го засили летонскиот тим Рига ФС.