Мајсторијата на Прелчец „а ла Ван Бастен“ (ВИДЕО)

Екипата на Борец од Велес забележа победа од 1-0 во дуелот против Академија Пандев, а стрелец на единствениот гол за домаќините беше Хрватот Никола Прелчец.

Прелчец со маестрален погодок во 80. минута од натпреварот од речиси мртов агол му донесе три бода на својот тим кој со 14 бода му избега на последниот Работнички, кој моментно има четири помалку.