Јовановски издржа на клупата на Беласица само три натпревари

Ѓоре Јовановски од денеска повеќе не е тренер на Беласица по поразот од 2-1 од Борец. 

Искусниот стратег спогодбено го раскинал договорот со струмичани по само три одиграни натпревари во пролетниот дел од сезоната во Првата лига. Јовановски ја презема Беласица оваа зима со цел да ја спаси од испаѓање во Втората лига. 

Во првото пролетно коло струмичани изненадија со убедлив триумф на гостувањето кај Ренова, но потоа следуваа порази од Струга (1-2) и Борец (2-1)