
Хет-трик на Каланоски, Гостивар ја здроби Слога и се врати на победите
Антонио Каланоски даде хет-трик во првото полувреме за веќе да ја обезбеди победата, а потоа само Стојанчо Велинов и Сухејн Рушити само ја потврдија победата за гостиварци, со која сега дојдоа до 48 бода на табелата и се искачија на второто место, бод зад Вардар кој утре гостува во Кичево кај Локомотива Пехчево, а бод пред Воска и пет пред Пелистер пред дербито на овие два тима и ривали за пласман во Првата лига.
Убедлива победа денеска запиша и Беса со 3-0 против Беласица, а триумфот беше обезбеден уште во првиот дел кога паднаа трите гола. Серијата ја отвори Хакан Лимани во четвртата, па Генц Гаши ја дуплираше предноста во 18-та и Зани Назифи во 45-та стави печат.
Беса со победата дојде до 30 бода и седмо место на табелата, а Беласица остана шеста со два бода повеќе од нив.