Гостивар ќе бара нов тренер, се раздели со Муарем Муарем

Mуарем Муарем повеќе нема да го води тимот на Гостивар со кој одлучи да се раздели.

Поранешниот репрезентативец на Македонија обајви дека е ставен крај на соработката со тимот каде и што ја заврши играчката кариера.

„Последен клуб во мојата 16-годишна кариера и клуб во кој работев како тренер ФК Гостивар, со заедничка одлука ставивме крај на соработката. Сакам да упатам голема благодарност до фудбалерите и нашите навивачи. Благодарност за укажаната доверба од целиот стручен штаб, до нашиот претседател и до целиот клупски персонал“, стои во неговата објава.

Инаку во официјалните записници како тренер на Гостивар е запишан Блаже Панов, меѓутоа тимот го водеше Муарем кој се уште нема тренерска лиценца.