Горан Здравков се врати на клупата на Детонит

Детонит Плачковица го назначи новиот тренер откако претходно му врачи отказ на Иван Варадиновски, нов предводник на првиот тим ќе биде Горан Здравков.

За Здравков ова е враќање на клупата на Детонит, тој го водеше тимот од Плачковица во текот на 2022 година.

Детонит неочекувано се раздели од тренерот Иван Варадиновски кој им донесе бараж за влез во првата лига во минатата сезона, па решението го најде во Здравков.

Освен во Детонит, Здравков има работено во Брегалница и Саса.