Екс-кондицискиот тренер на Македонија ја засили Шкендија!

Поранешниот кондициски тренер на македонската репрезентација Иван Јовановски – Карас, кој беше дел од стручниот штаб на Игор Ангеловски во повеќе од петте години на кормилото го засили поранешниот македонски првак Шкендија.

Тетовци се пофалија дека популарниот Карас го презема тимот под своја кондициска подготовка откако Ќатип Османи се врати на кормилото и за овој тренер кој освои три од четирите шампиоски титули е трет мандат на клупата на тетовскиот гигант.

Јовановски работеше во ЦСКА Софија и Лудогорец во Бугарија, потоа во азербејџански Баку, па во турските Генчербирлиги и Ризеспор, руските Урал и Екатеринбург, а во Македонија беше дел од Македонија ЃП и Академија Пандев.