
Еден од најголемите македонски таленти оди во Втората чешка лига!
По вчерашниот настап за У21 репрезентацијата на Македонија против Италија, тој се очекува во текот на денов да замине за Чешка, а утре да ги помине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот. Ова е чуден развој на настаните за 20-годишниот фудбалер затоа што претходните недели наголемо се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во шкотскиот Данди Јунајтед.
Брно е амбициозен чешки второлигаш кој во моментов се наоѓа на третата позиција во оваа конкуренција, но со натпревар помалку во однос на ривалите кој, ако го добие, ќе избие на првото место.
Моментната вредност на Георгиевски се проценува на 500 илјади евра, но засега не е познато дали Брера ќе профитира од овој трансфер. Договорот на фудбалерот и клубот од Струмица е со важност до јуни 2026 година.