Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски штотуку пристигна во Скопје каде што доаѓа на покана на раководството на ФК Вардар да ја преземе функцијата тренер по оставката на Гоце Седлоски.

Спорт1 го пречека македонскиот тренер кој не криеше задоволство што повторно е во градот каде што изникна како фудбалер. Јаневски во Скопје како вардарец се враќа по 28 години.