Брегалница лесно го скрши Кожув, победи за Тиквеш и Скопје

Брегалница и Скопје останаа лидер по новите победи во двете второлигашки конкуренции обезбедени уште во првото полувреме, после 12-то коло во Вторите лиги, во кои немаше некоја сензација.

Брегалница за едно полувреме го реши третиот Кожув, па Андреј Кудијан даде два гола, а Љупче Кудев еден во првиот дел, за предноста од 3-0 да остане конечен резултат на мечот. Тиквеш, после киксот со гевгеличани, се вратија на победите, тирумфирајќи против Осогово со 3-1 за да останат на два бода зад Брегалница.

Ристе Темелков и Александар Мишов во псоледните 20 минути од мечот постигнаа два гола за триумф на кавадарчани, кои брзо поведоа преку Јорданчо Наумоски, но три минути им траеше радоста кога Тоше Манов погоди за израмнување, па дури во завршната четвртина од мечот на крај успеаа да го скршат отпорот на кочанци.

Скопје за да се зацврсти на првото место, сега со една победа пред Гостивар, триумфираше во Кадино со гол на Мустафа Јусуф на средина од првото полувреме (26 минута) и тој момент го реши мечот, а гостиварци успеаа да се спасат од пораз, па одираа реми 1-1 во дебар со Кораби. Велешта со пресврт го победи Тетекс со 3-2, додека Охрид Лихнидост ја дорпедира Дрита.

Мечот Вардари Форино – Влазерими не се одигра, откако домаќините најавија дека поради беспарицата нема да играат.

ВТОРА ЛИГА, ИСТОК: Кит Го – Росоман 3-0, Победа – Каменица Саса 2-2, Слога Виница – Плачковица 0-0, Брегалница – Кожув 3-0, Тиквеш – Осогово 3-1.

ТАБЕЛА: Брегалница 32 бода, Тиквеш 30, Кожув 18, Кит Го 15, Слога Виница 14, Осогово 13, Каменица Саса 12, Победа 12, Росоман 8, Плачковица 7

ВТОРА ЛИГА, ЗАПАД: Кораби – Гостивар 1-1, Тетекс – Велешта 2-3, Охрид Лихнидос – Дрита 5-0, Кадино – Скопје 1-0, Вардар Форино – Влазерими неодиграна.

ТАБЕЛА: Скопје 27, Гостивар 24, Велешта 20, Охрид 19, Кораби 18, Влазерими 16 (-1), Кадино 14, Вардари Форино 12 (-1), Дрита 6, Тетекс 6.