Брегалница го промовираше седмото летно засилување

Александар Ристевски е последното засилување за Брегалница за претстојната сезона во Првата фудбалска лига. 

Стоперот, кој има 30 години, доаѓа од редовите на косовска Приштина, каде настапуваше минатата сезона. Ристевски е искусен играч, кој во минатото настапуваше за Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Струга и Работнички, а има и една сезона во дресот на албанска Влазнија.

Претходно за штипските „сини“ потпишаа и Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Борец, Александер Борха Кордоба како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.