Академија Пандев загуби од косовскиот тим Лапи

Академија Пандев доживеа пораз од 2-0 од косовскиот тим Лапи во рамки на подготовките во Анталија, Турција.

клубот од Струмица „капитулираше“ во последните 15 минути од средбата, кога најпрво погоди Албан Шилова во 74.минута, а точка на победата на Лапи стави Дрилон Фазлиу.

Нашиот тим претходно ремизираше 1-1 со Нови Пазар исто така во турскиот центар. „Пандевци“ до крајот на подготовките ќе одиграат уште две контроли.