Враќање во минатото: Хрват пропушти меч од Европската лига поради – корона вирусот!

Тренерот на Реал Сосиедад не можеше да смета на Лука Сучиќ на вчерашниот натпревар против Макаби од Тел Авив одигран во Белград, кој и покрај тоа го добија со 2-1.

Хрватскиот репрезентативец пристигна во српската престолнина, каде што израелскиот тим игра поради војната во Газа, со остатокот од тимот, но не можеше да настапи. Тој дознал дека е позитивен на корона вирусот и морал да остане изолиран во хотел во Белград.

Ова е своевидно враќање во минатото, во времето на пандемијата, кога ретко кој тим настапуваше комплетен поради вакви проблеми и изолации, кои тогаш законски беа задолжителни.