Србите ни гледаат сеир: Кој регион од Северна Македонија ќе игра на контроверзното СП?

Повеќето српски медиуми почнаа да се мајтапат со Северна Македонија, откако беше објавено дека Светското фудбалско првенство за непризнаени држави ќе се игра наредново лето во Скопје, откако македонската престолнина беше избрана за домаќин на КОНИФА Светското првенство.

Голем број на медиуми, прво се збунија, со оглед на тоа што Мундијалот во фудбал се играше минатата година, па затоа следниот ќе биде во 2022 година во Катар. Но, ова е сосема поинакво натпреварување, односно КОНИФА Светско фудбалско првенство што ќе се одржи од 30 мај до 7 јуни 2020 година во Скопје.

Српски Мондо уште се дрзна да праша:

Кој дел од Северна Македонија ќе учествува на ова СП? 

А, северните ни соседи добро знаат дека и нивните Војводина и Санџак лесно може да се пријават за ова натпреварување. 

Да, ова не е натпреваување од страна на ФИФА што постои од 1930 година и што Франција е актуелен владете освојувајќи го трофејот во Русија во 2018 година, туку нешто сосема друго, а за медиумите во соседните држави и контроверзно.

КОНИФА - акронимот за „Конфедерација на независни фудбалски федерации“ - е меѓународно раководно тело со национални селекции кои не се членки на ФИФА.

Членови на КОНИФА се екипи што претставуваат федерални држави (како Квебек во Канада), малцинства, региони и луѓе без нација, кои не претставуваат независни држави. Токму тоа е контроверзното за медиумите од соседството.

Последниот турнир, на пример, се одржа во летото 2018 година и го освои екипата на Карпали, национална селекција на унгарското малцинство во регионот на Украина, а во финалето ја совладаа селекцијата на Северен Кипар.