Скандал на векот во Турција: Е*и си ја мајката, тоа не ми се допадна! (ВИДЕО)

Тренерот на Газиантеп, Мариус Шумудиќ, е главна тема во турските медиуми откако предизвика скандал на прес - конференцијата по натпреварот против Коњаспор, кој заврши без голови (0-0).

Романскиот селектор беше испровоциран од страна на домашните навивачи за време на натпреварот поради што брутално и вулгарно почна да ги навредува. Тој откри дека прво добил груби навреди од ултрасите, а подоцна истите сакал да ги имитира и предизвика смеа кај присутните новинари.

Вие исто така слушнавте што рекоа приврзаниците на Коњаспор. Не ги правам овие гестови за да ги испровоцирам, но тие го испровоцираа моето семејство. Не можам да стојам со скрстени раце. Јас ја сакам Турција, работам тука, но нема да дозволам некој да го навредува моето семејство, истакна Шумудиќ.