Шишковски и Херера станаа шампиони на БиХ

Македонските репрезентативци Себастијан Херера и Дамјан Шишковски заедно со Борац Бања Лука ја освоија шампионската титула во Босна И Херцеговина.

Борац славеше против Сараево на „Кошево“ со 1-0 во 32. коло од босанскиот шампионат и на четири кола пред крајот ја обезбеди титулата.

Екипата на Шишковски и Херера на четири кола пред крајот има 13 бодови повеќе од Зрињски.

Фото: Facebok/FK BORAC Banja Luka