Полноќна трансфер бомба во Сплит, Хајдук потпиша со Иван Ракитиќ!

По една минута после полноќ, Хајдук излезе со соопштение со кое го потврди трансферот на еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата, Иван Ракитиќ.

Хајдук креира тим со кој ќе ја нападне титулата во Хрватска, Гатузо во својот ростер веќе има неколку ѕвезди, а најголемата меѓу нив е Ракитиќ.

„Хајдук со особено задоволство може да потврди дека Иван Ракитиќ во наредната сезона ќе го носи белиот дрес! Еден од најголемите играчи во историјата на хрватскиот фудбал, нешто пред полноќ го потпиша договорот со Хајдук кој трае до крајот на наредната сезона со опција за уште една година“, стои во соопштението на Хајдук.