
Перишиќ со голот против Франција испиша историја во Хрватска - го остави Манџукиќ зад себе!
Перишиќ прво беше асистент при голот на Будимир, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелци. Со голот кој го постигна Перишиќ го прескокна Марио Манџукиќ на вечната листа на стрелци на хрватската репрезентација.
Фудбалерот на ПСВ дојде до бројката од 34 погодоци во националниот дрес и го остави Манџукиќ зад себе кој има 33. Пред Перишиќ сега е само легендарниот Давор Шукер кој во репрезентативната кариера постигна 45 погодоци.