Нов великан влегува во трката за Елмас: Интер се заинтересира за македонскиот бисер

Тројниот европски шампион Интер е последниот великан што се вклучува во трката за македонскиот бисер Елиф Елмас, откако денеска „најугледниот спортски весник на Апенините, „Газета Дело Спорт“ објави дека младиот фудбалер на Фенербахче е во бележникот на нивиот директор Бепе Марота.

За Елмас веќе со месеци интерес има од најголемите европски клубови, почнувајќи од Реал Мадрид, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Борусија Дортмунд, Ливерпул, но лондонски Тотнем засега е во фокуост зашто веќе испратил една понуда, а најавиле лондончани дека истата и ќе ја подобрат само по секоја цена да го добијат Македонецот.

Интер сега влегува во трка, зашто Марота проценил дека Елмас е голем влог за во иднината. Фенербахче се очекува да го продаде Елмас за над 20 милиони евра сооглед на финансиската криза и долгот од преку 60 милиони евра што го има, за кој почна и кампања за спас. Македонскиот репрезентативец има договор во Истанбул до 2022 година, а дојде од Работнички за 180.000 евра тренинг-компензација.