Музафер Ејупи остана во Хрватска – по три години се врати во Славен Белупо!

Иако најавуваа враќање во Македонија, поранешниот макеоднски репрезентативец Музафер Ејупи си остана во Хрватска, па после три години во Осиек се врати во Славен Белупо, чиј член беше во сезоната 2015/16.

Поранешниот фудбалер на Вардар, Металург, Шкендија и Турново неодамна се збогува од Осиек и од денеска е нов член на тимот од Копривница.

„Се вратив во средина која добро ја познавам и таму каде се чувствувам одлично. Се вратив дома“, вели Ејупи.