Муслиу: Разочаран сум што сезонава не освоивме ниту еден пехар!

Македонскиот репрезентативен стопер Висар Муслиу, стандардниот дефанзивец на Мол Фехевар посочи за клупскиот сајт дека е разочаран што сезонава не успеал да освои ниту еден пехар, откако ланското лето дојде од Шкендија како засилување и му се придружи на репрезентативниот колега Бобан Николов.

Муслиу во Унгарија дојде како засилување за одбраната и по периодот на прилагодување се промовира во стандарден дефанзивец, ама првата сезона резултатски нема да ја памети по добро.

„Јас лани кога дојдов тука се надевав дека ќе бидам играч на клуб кој се бори за трофеи секоја година, а после оваа сезона разочаран сум што не успеавме да освоиме ништо. Очигледно е дека сум разочаран, но има многу позитивни работи после првата сезона. Тоа што го очекував го добив, играме фудбал на многу професионално ниво, условите се врвни, стадионите одлични, градот е преубав, еден од најубавите кои сум ги видел во животот. Добро сум примен од навивачите, успеав да дадам гол(ови), но мислам дека пандемијата остави белег на се. Ова е еден чуден период во кој не може да се опише. Во Унгарија ситуацијата се подобрува, дури и навивачи доаѓаат, ама во соседството и регионот не е така. Сега се враќам на одмор во Македонија, а од средина на јули почнуваме со подготовки за новата сезона и за европските купови, со надеж дека ќе бидеме многу попродуктивни околу освојување на трофеите“, вели Муслиу.