Младинскиот репрезентативец Даци даде два гола во седумката на Коња (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Ердон Даци со два гола имаше забележителена улога во убедливата победа на својот Коњаспор, кој со 7-0 ја растури Маниса во Купот на Турција за да се мине првото коло во најмасовното натпреварување.

Даци, кој го одигра целиот меч постигна два гола во 50-та и 79-та минута од мечот, откако Коња уште до полувреме веќе го имаше изборено пласманот во шеснаестинафиналето, после огромните 4-0 во првиот дел.

За младинскиот офанзивец ова се први голови во оваа сезона.