Македонската колонија побројна: Кипарска Докса го промовира Дарко Глишиќ

Поранешниот вардаров лев бек, кој во изминатава есенска полусезона беше дел од чаирски Шкупи, Дарко Глишиќ и официјално е нов член на кипарскиот прволигаш Докса, со што ја зголемува македонската колонија во овој клуб, каде членови се македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и фудбалерот за врска Душко Трајчевски.

Глишиќ денеска беше официјално промовиран во кипарскиот клуб, а тој е негов петти странски клуб во кариерата, зашто претходно играше во сараевски Олимпик, грузиски Динамо Тбилиси, како и во бугарските Септември Софија и Арда Карџаели. Глишиќ е поранешен фудбалер на Вардар, Шкупи, Скопје, Напредок и Тетекс.

Во новиот клуб ќе игра со бројот 33, а левиот бек има и три настапи за македонската репрезентација.

Докса е шестопласирана во првенството на Кипар.