Короната не му помогна на Панатинаикос: УЕФА не им дозволува да играат во Европа!

Грчкиот гигант Панатинаикос и во оваа сезона нема да ја види Европа, иако во Атина се надеваа дека коронавирусот може да им помогне за да излезат на меѓународна сцена после две сезони пост, ама...

Европската фудбалска унија (УЕФА) во 2018 година им изрече тригодишна суспензија за настап во Европа поради ужасно лошо финансиско работење. И откако одлежаа две години, ПАО се жалеше во Нион, со надеж дека ќе ја искористат ситуацијата со пандемијата и дека казната ќе успеат да ја „замрзнат“, а со тоа да добијат шанса да излезат на европска сцена.

Но, во Нион експресно ги одбиле, па воопшто во предвид не ги земале аргументите на „зелените“ и така суспензијата им останува на сила.

Панатинаикот моментно е четврти во Грција со шанса да обезбеди пласман во Европа, ама откако ја дознаа лошата вест, прашање е сега дали воопшто ќе имаат амбиција за играње во плејофот кој треба да стартува за три дена кај јужниот сосед. Во моментов тоа би можел да го искористи ОФИ Крит, иако допрва ќе има разврска за местата во европсите купови.

Олимпијакос веќе е шампион, а Грците ќе доигруваат за излез во Европа.