Хаос во Хрватска: „Торцида“ се судри со полицијата (ВИДЕО)

Пред дербито на Риека и Хајдук, кое е закажано за вечерва од 20 часот, се случи сериозен инцидент кога навивачката група „Торцида“ се судри со специјалната хрватска полиција.

Навивачите пристигнаа во Риека, но веднаш се соочија со полициските службеници, кои се обиделе да ги запрат припадниците на „Торцида“ да стигнат до фановите од „Армада“.

Засега не се откриваат повеќе детали, освен дека биле приведени неколку хулигани.