Хамбарџумјан со гол му го донесе првиот бод на Јаневски (ВИДЕО)

Поранешниот вардаров десен бек Хофханес Хамбарџумјан, член на златната генерација која играше во Лига Европа во 2017 година му го обезбеди дебитантскиот бод на Чедомир Јаневски на официјалниот прв меч за поранешниот вардаров тренер и екс-македонски селектор во кипарскиот шампионат.

Енозис Паралимни денеска ремизираше 1-1 на гостувањето кај Неа Саламис, а Јаневски и Хамбарџумјан, кои соработуваа уште од времето во Вардар, три минути ги делеа за да стигнат до голем триумф. Со голот на Ерменецот шест минути по стартот на вториот дел, Енозис имаше водство и се до 87-та минута, кога Неа Саламис успеа да израмни.

Јаневски официјални дебитираше изминатата недела во Купот против Докса, а сега со бодот останува Енозис претпоследен и го очекува сериозна битка за да опстане во кипарската елита.

„Имам измешани чувства, зашто сум среќен како моите играчи одиграа, а сепак не победивме поради еден пад, а имавме шанси за победа... Бевме многу добро организирани во дефанзива, игравме против многу подобро палсиран противник на гостување, ама тоа што најмногу ме прави задоволен е што сè што работевме на трениг го преточивме на терен.