Хајдук подобар од Славен Белупо, Трајковски ги врати насмевките во Сплит!

Македонскиот фудбалер Александар Трајковски ги замолче критичарите со нов гол за Хајдук Сплит и му донесе победа на својот тим од 1-0 против Славен Белупо во 31. коло од хрватскиот шампионат.

Трајковски се најде на вистинското место во 13. минута при центар-шутот на Јосип Брекало и без проблеми го матира голманот на Славен Белупо за водство од 1-0 за гостите од Сплит.

Натпреварот во продолжение беше израмнет, но не се менуваше резултатот, а голот на Трајковски значеше победа за Хајдук по четири порази по ред во домашната лига.

Хајдук е трет во лигата со 58 бодови, односно осум помалку од Динамо Загреб и 10 бода помалку од лидерот Риека.