
Глишиќ најде нов клуб во соседството: Сакав да останам во Бугарија и затоа ја избрав Арда!
Глишиќ лани си замина од Вардар во соседна Бугарија, а токму од новиот клуб испаднаа во втората лига со својот поранешен тим. Сега доаѓа како засилување за левата бековска позиција и е трет странец во тимот покрај Бразилецот Лукас и Словенецот Грвала.
„Ја избрав Арда зашто сакав да останам во Бугарија. Тука сум една година, а од Арда беше најдобрата понуда и затоа решив да потпишам со овој клуб. Арда за првпат игра во елитата во Бугарија и тоа е мотивација повеќе за сите во клубот, а и за мене. Ова е нешто историско што се случува. Јас се надевам дека ќе направиме големи работи и нема да бидеме тим, кој веднаш како многу други тимови кои влегуваат во Првата лига, да имаме проблеми. Можам да кажам дека Арда е голем клуб, има прекрасни услови. Можам да ја споредам со најголемите клубови во Македонија“, вели Глишиќ.