Фудбалскиот сојуз на Косово го тужи Пикси!

Фудбалскиот сојуз на Косово го тужи селекторот на Србија, Драган Стојковиќ - Пикси поради неговите коментари за време на натпреварот од третото коло од групната фаза против Швајцарија.

Од Косово бараат Светската фудбалска федерација (ФИФА) да го истражи случајот и да ги казни Србите.

„Поставување транспаренти со политички пораки и расистички повици кон Албанците се слушаа во текот на целиот меч. Бесмислена и апсурдна е омразата која се години трае кон албанскиот народ од нашата соседна држава. Бараме од ФИФА да го истражи случајот и да го санкционира Фудбалскиот сојуз на Србија“, се вели во соопштението.