Фудбалер на Горица обвинет за семејно насилство – може да „лежи“ пет години!
Според „Словенске новице“, неговата сопруга, Полона Фаганељ, го обвинила фудбалерот за физички напад на 9 април во нивниот дом во Словенија. Неофицијално, тој ја малтретирал, ѝ се заканувал и на крајот физички ја повредил сопругата. Двојката била во бракоразводна парница. На словенечкиот фудбалер му се заканува затворска казна до пет години за семејно насилство, секако ако биде осуден за виновен.
Од тимот на Горица порачале дека имаат нулта толеранција за насилство, особено врз жените и дека нема да го коментираат случајот додека трае истрагата. Матавж пристигна во овој тим на почетокот на 2023 година и оттогаш одигра 39 натпревари и постигна пет гола. Своите најдобри денови ги помина во Холандија, каде што постигна над 80 гола играјќи за Гронинген и ПСВ.