Фудбалер на Црвена Звезда постигна гол во стилот на Марадона (ВИДЕО)

Црвена Звезда го победи Рад со 3-0 во рамки на српската фудбалска лига, а во центарот на вниманието е голетерот Милан Павков. 

Голгетерот на белграѓани го постигна првиот гол за својот тим и тоа на нерегуларен начин. Се послужи со рака за да ја прими топката и потоа да шутира, но тоа очигледно не го забележаа судиите на натпреварот.

Голот со рака на Диего Армандо Марадон на СП 1986 против Англија стана славен низ целиот свет, па кога се одбележува неговата смрт, српските медиуми ја искористија можноста да го споредат Павков со аргентинската легенда. Веројатно само вака двајцата би биле во иста реченица иако Павков не постигна гол со рака, туку само си асистираше.