Енозис Паралимни го промовира Чедомир Јаневски за нов тренер!

Кипарски Енозис Паралимни го промовираше денеска поранешниот македонски селектор и бивш тренер на Вардар, Чедомир Јаневски за свој нов кормилар, откако претпладнево спогодбено се раздели со доскорешниот тренер Густаво Сиверо.

Јаневски после скоро една деценија се враќа во Енозис, каде работеше како прв кормилар од 2009 до јануари 2011 и сега треба да го спаси клубот од испаѓање, кој се наоѓа на претпоследното место во кипарскиот шампионат. Јаневски доаѓа на Кипар, откако лани остана без работа после авантурата во египетски Исмаили. Тој е бивш селектор на Македонија, а со Вардар испиша историја со настапот во групите во Лига Европа во 2017 година. Инаку во кариерата ги водеше белгиските Бриж, Мускрон, Монс, Беверен...

„Енозис и бордот на директори донесоа одлука за ангажман на нашиот поранешен тренер Чедомир Јаневски, кој се враќа во нашиот тим после девет години. Му посакуваме добра соработка и добар старт, а убедени сме дека ќе нè води до многу успеси“, објави Енозис.