Екс-македонски репрезентативец ќе му биде помошник на Јаневски во АЕЛ Лимасол

Поранешниот македонски репрезентативец Бојан Маркоски, кој одигра 20 меча за младата селекција и два за сениорскиот национален тим ќе му биде прв помошник на екс-македонскиот селектор Чедомир Јаневски во АЕЛ Лимасол.

Јаневски после од една година се враќа на Кипар откако го презема АЕЛ и сега со Маркоски како негова десна рака ќе се обиде да го врати овој кипарски клуб на победничките патеки.

Маркоски е поранешен стопер на Вардар и Работнички, кој играше и за Бежанија и ОФК Београд (Србија), а најголем дел од кариерата мина на Кипар, прво од 2009 до 2015 година играјќи за Енозис, Аполон и Аја Напа, а потоа од 2016 до 2020 година за повторно за Аја Напа, Отелос и Етникос Ахна.

Со овој негов ангажман колонијата во АЕЛ се зголеми на тројца Македонци, зашто член и еден од капитените на тимот е екс-македонскиот младински репрезентативец Давор Здравковски.