Директорот на Звезда: Стојковиќ да се лечи, зрел е за психијатар!

Црвена Звезда на гостувањето кај Партизан успеа да стигне до бод (1-1) по контроверзниот гол на Ричмонд Боачи, за кој ќе се зборува уште долго.

По натпреварот имаше коментар и спортскиот директор на Ц. Звезда, Митар Мркела, кој со графички приказ на голот покажа дека голот е чист и му се обрати на голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ.

„Јасно се гледа дека топката во воздух ја премина гол-линијата половина метар, голот е чист како солза. Како спортист не можам да прифатам вакви изјави на голманот Стојковиќ, кои се полни со омраза. Ваквото однесување бара итно лечење, ова е за психијатар“, кажа Мркела.