Драма во Србија: Дали топката ја помина линијата!? (ВИДЕО)

Големото дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда заврши 1-1, но во центар на внимание беше 74. минута, кога гостинската екипа го постигна израмнувачкиот гол.

Тоа беше корнер за Црвена Звезда, а Владимир Стојковиќ успеа да го одбрани нивниот удар, но судијата покажа дека тоа е погодок за гостите.

Дали навистина беше погодок или не, не може да се процени најдобро поради лошиот агол на камерата.