Динамо го избрка цел стручен штаб, освен тренерот Бјелица!?

Хаосот кој избувна во Динамо Загреб, поради тоа што играчите и тренерите од првиот тим го отфрлија предлогот за намалување на платите за време на пандемијата на коронавирус, кулминираше со откази за речиси сите во стручниот штаб.

Единстветно кој се спаси во оваа ситуација е тренерот Ненад Бјелица, додека Рене Помс, Нино Буле, Силвије Чавлина, Мартин Мајер, Карло Рајнхолц и Јасмин Османовиќ повеќе не се повеќе членови на клубот.

Инаку, на сите играчи и раководни лица ќе им бидат намалени платите до 30 септември за третина од месечните примања.

Според неофицијалните информации, Ненад Бјелица заработува милион и пол евра годишно нето, а најскапите играчи заработуваат околу 800 илјади евра.