
Денот кога плачеа сите „Гробари“: Пред 37 години почина Драган Манце (ВИДЕО)
Манце на 3 септември 1985 година тргна на тренинг на Партизан со својот автомобил, но загубил контрола на возилото и заврши во електричен столб.
„Момци, пред малку загина нашиот Драган. Тренингот заврши“, кажал тогашниот тренер на Партизан, Ненад Бјекковиќ, додека сите останале во шок.
Напаѓачот за српскиот тим одигра 279 натпревари, при што постигна 174 голови, а четири пати настапи и за репрезентацијата на Југославија.