Црвена звезда и во купот го победи Партизан и се пласира во финале! (ВИДЕО)

Црвена звезда за неколку дена двапати го победи Партизан, овојпат со 2-0 во полуфиналето од Купот на Србија, црвено-белите во финалето ќе играат против Војводина која претходно беше подобра од Раднички.

Херој на Црвена звезда на овој меч беше Петер Олајинка кој постигна два гола за две минути. Резултатот го отвори во 27. минута, а конечните 2-0 ги постави две минути подоцна.

Црвена звезда во финалето ќе игра против Војводина која претходно со гол во 91. минута со 1-0 го победи Раднички.