Циркус: Поранешен тренер на Охрид направил хаос во авион, па бил избркан со полиција (ФОТО)

Стратегот кој го предводеше Охрид пред осум години, Драган Антиќ направи инцидент во авион, по што реагирала полицијата на аеродромот во Ниш и го избркала од авионот.

Антиќ најпрво ја пцуел стјуардесата, по што морала да реагира и полицијата, а поради скандалот авионот за Меминген, Германија полетал со задоцнување.

Контроверзниот стратег во моментов го предводи тимот на Динамо од Врање, а во последните неколку месеци привлекува внимание со скандалозното однесување на фудбалските терени.

Антиќ досега во кариерата добиваше повеќе казни, па помина 15 месеци надвор од терените поради обвинување за местење на натпревари. Освен суспензијата од фудбалските терени, Антиќ требало да плати и казна од 8.500 евра.


ФОТО: Курир.рс