Чешка легенда ќе му стане соиграч на Јани Атанасов во Бурса

Еден од најголемите чешки легенди во „модерната ера“, Милан Барош, кој со Ливерпул стана европски првак во епското истанбулско финале во 2005 година ќе му стане соиграч на македонскиот талент Јани Атанасов во турска Бурсаспор, најавија медиуми.

Барош, кој е пред пензија и на 38 години сè уште игра за Баник Острава, планира да се врати во Турција после осум години во својата татковина за да ѝ помогне на Бурса да се врати во турската Суперлига, од каде испадна во минатата сезона. Чехот, кој има 93 настапи за својата репрезентација дојде од матичната Баник Острава и одигра 108 меча за „црвените“, а беше дел од херојската генерација во 2005. Потоа играше во Турција за Галатасарај од 2008 до 2013 година, па за Анталијаспор (2013-14) и имаше ефект од 48 гола на 93 меча во Суперлигата.

Сега неговото искуство треба да ѝ помогне на Бурса за да стигнат до промоција во турската елита. Бурса моментно е второпласирана со 33 бода, четири зад лидерот Хатајспор, а два пред третопласираниот Ерзурум со меч повеќе од двата ривали. Младинскиот репрезентативец на Македонија, Атанасов сезонава има шест настапи за Бурса.