
Чачиќ за Адеми: Не може да го пуштиме!
Адеми побара трансфер минатата недела, но хрватскиот првак не го прифати неговото барање, иако за македонскиот фудбалер наводно постои интерес од Валенсија.
„Бев јасен пред 10 дена. Единствен кој може да замине е Ливаковиќ, сите други ќе останат. Не може да го пуштиме Адеми без разлика какви се понудите. Не може да останеме без капитенот бидејќи сè уште ни е потребен“, кажа Чачиќ.