Бугарија се истрча да дозволи навивачи во корона ера, па сега ги – избрка

Источниот сосед Бугарија беше една од малкуте земји во Европа која многу брзо дозволи да има гледачи на трибините во корона ерата откако се рестартираше фудбалот, ама зголемениот број на заразени од опасниот вирус сега ги примора да ги заклучат трибините на стадионите и да ги избркаат фановите.

Во изминативе десетина дена има големо зголемување на заразени од Ковид-19 во Бугарија, меѓу кои доста фудбалери, а поради прослава на ку-трофејот во Пловдив, аразени се и 50-на навивачи на Локо Пловдив.

Сето ова беше аларм за државните власти да ја вратат најрестриктивната мерка за навивачите – стадионите да се заклучат. Денеска Бугарија има регистрирано 240 заболени, што е најмногу од почетокот на пандемијата.

Еден фудбалер поради грешка на лабараторијата добил дозвола а игра па заразил вкупно 20 лица на фудбалски меч, додека во Пловдив има експлозија на зараза после победата и прослвата на куп-трофејот на Локо.